Задолжителна налепница за секое новорегистрирано возило

Од почетокот на годинава, односно од 01.01 почна со примена „Правилникот за формата, содржината, кавалитетот и начинот на поставување на налепница за извршена регистрација“ (Сл.Весник на Република Македонија бр.99/13). Тоа значи дека секое новорегистрирано возило (од посочениот датум) добива налепница за извршена регистрација којашто задолжително се лепи на внатрешна или надворешна страна на возилото, со што визуелно ќе може да се утврди дека возилото е регистрирано, доколку истата има важност.

Согласно член 2 од Правилникот налепницата за 2014 година е со црвена боја, а согласно член 3 од истиот правилник со римски броеви од I до XII се обележани месеците од календарската година.

Инаку целта на ова новина е во насока на намалување на бројот на нерегистрирани возила кои  учестваат во сообраќај на јавен пат.