Се расчистува шумскиот дел од Охридското кале

Екипите на „Паркови и зеленило“ и „Јавна хигиена“ деновиве расчистуваат повеќе локации од шумскиот дел на Охридското кале. Се работи на шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот кој води од вториот Чинар до Горна Порта и од Горна Порта до месноста „Дрвара“. Повеќе исушени дрвја од видот багрем и јасен се отстранети, а заради непречено движење на пешаците и возилата, гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот се поткастрени, а ниската вегетација е отстранета.

Исто така интензивно се средува шумскиот дел под црквата „Св.Богородица Перивлепта“. Од овој простор се подигна големо количество расфрлан отпад и истиот се расчисти од бршлените и трњето. Заради непристапноста на теренот сите активности се спроведуваа рачно.

Вакви слични акции јавното претпријатие ги спроведува во соработка и координација со Општина Охрид.

SumaOhridKale2 SumaOhridKale3