ЛДП иако го поддржа проектот Лизгалиште, за кој како што велат, слободно веќе може да се нарече аферата Лизгалиште, што деновиве кулминираше со нејаснотии и небулози.
„Имено, неофицијално, договорот е потпишан од Секретарот на Општина Охрид и затоа бараме од истиот да покаже респект кон граѓаните и јавно да каже што е потпишано со кого е потпишано и под кои услови.
Од друга страна, неодговорноста на службата за односи со јавност на која советникот Станкоски постојано ги упаќаше прашањата кулминираше со игнорирање од нивна страна за денес во медиумите да протече информација дека со Лизгалиштето стопанисува охридска фирма, а не австриска како што изјави Градоначалникот, што е директна навреда пред се на граѓаните на Охрид.
Како советник од ЛДП, а пред сѐ избран од редовите на граѓаните, заради котроверзиите и паушалниот договор со сомнителна позадина како и огромниот број информации кои протекоа деновиве во јавноста за проектот-афера “Лизгалиште”, чувствувам одговорност и доколку истиот не го покажат јавно ЛДП ќе поднесе кривична пријава до потписникот на договорот и Општина Охрид“. – стои во соопштението од Дејан Блажески, член на Советот во Општина Охрид и претседател на ОО ЛДП – Охрид.