На спомен обележјето кај катлановско Блаце денеска беше одбележана шестгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ.
По повод одбележувањето на шестгодишнината од хеликоптерската несреќа, венци со свежо цвеќе положија делегации од Генералштабот на АРМ предводена од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, Министерството за одбрана, Здружената оперативна команда на АРМ, вбр, Првата механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр.