Мартин Богатинов потпиша за Стеауа

Македонскиот голман Мартин Богатинов потпиша со романскиот клуб Стеауа. Богатинов беше слободен играч по завршувањето на неговиот договор со украинскиот тим Карпати. 27 годишниот Богатинов во Стеауа ќе го носи дресот со бројот 86.

Покрај Богатинов кој има 15 настапи во македонската репрезентација во тимот на Стеауа игра уште еден македонски репрезентативец, дефанзивецот Даниел Георгиевски.

WebOhrid