Василичарска забава со василичарски оган и паричка за дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Утре, со почеток во 10:30 часот во дворот на Централната градинка „Јасна Ристеска“ ќе се организира Василичарска забава со василичарски оган и паричка.

Целта како што велат од градинката е  да се продолжи традицијата и дечињата да се запознаат со традиционалните обичаи.