ЈПК Дебрца: Огромните наследени долгови сеуште претставуваат голем проблем за тековното работење на претпријатието

И покрај поминати повеќе од шест месеци од промената на власта во Општина Дебарца, огромните долгови што се наследија во јавното претпријатие сеуште претставуваат голем проблем за тековното работење на ЈП.

Секојдневно пристигнуваат решенија и тужби па и извршители кои си ги бараат ненаплатените долгови створени од тогашниот директор Благјоче Стојчески.

Имено, за неговото незаконско работење вистински доказ е пристигнатото решение за извршување на ЈПК Дебрца, во износ од 132 300 денари за пресудата според која екс директорот во неговото раководење направил повреда на членови од законот за животна средина и по негова вина сега и јавното претпријаите треба да ги покрива тие казнени трошоци. Тука да се напомене дека во овој период акцент беше ставен за покривање на старите долгови, како на пример од сегашното раководство беше и доплатен и камионот за собирање на отпад, се вложија тешки напори за плаќање на огромниот долг спрема евн, се навбавиа средства непоходни за работа и ред други работи.

И покрај таквата ситуација, ЈПК Дебрца продолжува со своите активности, и се соочува со овие предизвици, со надеж и ентузијазам дека наредниот период ќе бидат покриени сите заостанати долгови, и конечно да се подобри сликата за јавното претпријатие.

Во прилог: Решение за присилна наплата за пресудата против ЈПК Дебрца и екс директорот Благојче Стојчески