Капетанијата на пристаништата – Охрид во рамките на своите редовни активности спроведува и одржува испити за Управувач за чамец. Испитот се одржува во периодот од месец април до месец октомври и тоа еднаш месечно во месеците април, мај, септември и октомври, додека во текот на летните месеци јуни, јули и август испитот се одржува два пати месечно.
Кандидатите пријавите за испит ги поднесуваат најдоцна еден ден пред испитот, а во прилог на пријавата треба да достават:
– пријава за полагање на испит
– фотокопија од важечка лична карта
– две фотографии со димензии 2,5х3 цм
– лекарско уверение за управувач на чамец (задолжително од овластен центар)
– потврда за положен испит за прва помош (задолжително од овластен центар)
– две уплатници (1000 ден за полагање на испит и 150 денари административна такса). Сметките за уплата се достапни на интернет страната на Министерството за транспорт и врски како и во просториите на Капетанија на пристаништата Охрид.
За 2014 година испитот ќе се одржува во следните термини:
Април 25/04/ 2014
Mај 16/05/ 2014
Jуни 13/06/2014 и 28/06/2014
Jули 11/07/2014 и 26/07/2014
Aвгуст 08/08/2014 и23/08 /2014
Септември 19/09/2014
Октомври 17/10/2014
Испитот се одржува во просториите на Министерство за транспорт и врски, Капетанија на пристаништата Охрид на ул. Коста Абраш бр.1 Охрид со почеток во 10:30 часот.
Како и секоја година, термините на одржувањето на испитите се истакнуваат на страницата на Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија www.mtc.gov.mk, во одделот Капетанија на пристаништата, каде можат да се преземат и пријавите за пријава на кандидатите. Исто така, на линкот е истакната информација за потребните документи за пријава на кандидатот како и сметките за уплата на надоместокот за полагање на испит и административната такса.
Сите заинтересирани кандидати за информација можат да се обратат во просториите на Капетанија на пристаништата – Охрид, на телефон : 046 260 451 или е-mail: kapetanija@mtc.gov.mk.