Во врска со соопштението на ОО СДСМ Охрид, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои:
„Секојдневните напади кои ги демонстрира ОО СДСМ кон ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид преку различни соопштенија, реакции и пресови и при тоа потпирајќи се на невистини и лаги во најмала политичка смисла ја покажува нивната слабост.
ВМРО ДПМНЕ е демохристијанска партија, партија која за многу краток период победувајќи на локалните избори покажа и докажа дека работи во интерес на граѓаните на Охрид. Локалната самоуправа предводена од градоначалник кој е од редовите на ВМРО ДПМНЕ, има внатрешна структура и администрација која има за цел на поефикасен начин да ги спроведува зацртаните планови и проекти. Работата и внатрешното систематско прераспределување на вработени лица е работа за која е надлежна само Локалната самоуправа. Со оглед дека СДСМ соопштението го упатува кон ВМРО ДПМНЕ, дали со тоа покажува дека секое вработување кое се направило во 8те години нивно владеење поминувало преку партиските структури на СДСМ ?
Исто така во најмала рака е иронично СДСМ да се повикува на христијански празник знаејќи го нивниот „петокрака„ бекраунд. Фактот дека ВМРО ДПМНЕ спроведува свои редовни партиски активности и секогаш е меѓу граѓаните и во нивна функција е само фрустрација на СДСМ која ја лечат со смешни соопштенија. Прашање е кој е виновен за тоа што СДСМ нема активности со граѓаните? Кој е виновен што СДСМ е во раскол? Кој е виновен што за високи партиски функционери на СДСМ е мизерно да се борат за интересите на граѓаните според нивни лични изјави на седница на Советот? Кој е виновен што СДСМ при свои партиски средби неможе да наполни ни една сала на Центарот за култура?
Мораме да заклучиме дека СДСМ немајќи нерви да биде опозиција делува хаотично и врзано само со лични интереси на неколку нивни фигури. Креира теми кои се погрешни колку да се активни во јавност. Немаме намера да губиме време на нивните фрустрации. ВМРО ДПМНЕ е партија и е секогаш единствено со граѓанитe.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.