Синоќа крај Василичарските огнови славеше и градоначалникот Бакрачески

Со палење на василичарските огнови, вртење на погача со паричка и богати трпези, синоќа низ охридските мала започна одбележувањето на  Василица- Православна Нова Година.

Меѓу охриѓани  во речиси секоја маала каде се палеше традиционалниот оган до доцна во ноќта беше и градоначалникот Никола Бакрачески. Тој  заедно со василичарите  учествуваше во реализирањето на традиционалните обичаи.

Општина Охрид  донирајќи дрва и колбаси и годинава го поддржа традиционалното одбележување на Православна Нова Година- Василица.  Прославите за празникот продолжуваат и денес со барање паричка во топејнца.