Македонската репрезентација забележа победа на последниот натпревар од фазата по групи. Со тоа Македонија избори пласман во завршната фаза од Европското првенство во Данска.
Нашите ракометари натпреварот го започнаа одлично, ја имаа контролата врз играта во текот на целото прво полувреме кое го добија со 12-10.
И второто полувреме започна добро за македонската репрезентација. Но, кон средината од вториот дел репрезентацијата на Австрија не само што изедначи, туку и дојде до водство кое за среќа нашите успеаа да го анулираат и токму пред самиот крај да дојдат во водство од еден гол, кој беше клучен за натпреварот.
Победата од 22-21 ја одведе Македонија во следната фаза, а за играч на натпреварот беше прогласен македонскиот голман Борко Ристовски.
Натпреварите што ќе ги игра Македонија во следната рунда се:
18 јануари (сабота) 16:00 Македонија – Унгарија
20 јануари (понеделник) 16:00 Македонија – Исланд
22 јануари (среда) 16:00 Македонија – Шпанија
WebOhrid