Црвен крст апелира за Водици да се отстранат паркираните возила околу Капетанијата

Во рамки на подготовките за одбележувањето на празникот Богојавление – Водици и поставувањето на соодветната опрема за одвивање на крводарителската акција на просторот помеѓу Капетанија и ресторан Чун, се замолуваат возачите кои ги паркирале, да ги отстранат своите моторни возила и се известуваат и се упатува апел до граѓаните да не ги паркираат моторните возила на горенаведениот простор во периодот од 10 часот на 18 јануари до 17 часот на 20 јануари.

Во текот на утрешниот ден, во соработка со СВР Охрид ќе бидат преземени сите соодветни мерки за расчистување на горенаведениот простор од моторни возила.