Дејан Додевски е именуван за командир на полициската станица од општа надлежност Охрид

Со решение на министерот за внатрешни работи м-р Гордана Јанкуловска, на должноста командир на полициската станица од општа надлежност Охрид, е именуван Дејан Додевски, досегашен советник за континуирано стручно оспособување во СВР Охрид. Под негово менторство во изминативе четири години успешно беа  реализирани низа стручни обуки на полициските службеници од сите полициски станици во состав на СВР Охрид.

Командирот Додевски, кој во СВР Охрид работи од 1996 година, досега одговорно и успешно извршувал и повеќе други работни обврски во охридската полициска станица.