Перформанс за презентација на тековната 5-дневна обука на уметници од Македонија за работа со ранлива група се одржува на Факултетот за туризам и угостителство Охрид.
Перформансот е дел од тренингот што се реализира во Охрид, во периодот 15-19.01.2014, а кој го водат уметниците Хелена Бистром и Ана Калблад од Шведска, во рамки на проектот “Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област”, чиј носител е К.Ц. Медиа Артес од Охрид.
Во тренингот се обучуваат 20 уметници и други креативни професионалци, од Охрид и Струга за примена на т.н. Социјалана скулптура во работа со ранливи групи – област во која обучувачите од Шведска имаат долгогодишно искуство и експертиза. Во тек на тренингот, покрај креативните работилници за обука, учесниците имаа и теренски посети на неколку локални организации и институции кои работат со ранливи групи (како на пр. метадонскиот центар во Охрид, невладината организација Опција од Охрид, како и невладината организација Порака Нова од Струга).
Проектот “Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” се реализира во партнерство со организацијата Refraction Association од Тирана, Албанија и истиот е поддржан преку ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Буџетот на проектот изнесува 58.360 евра. 85 % од финансиските средства се обезбедени од Европската Унија (претставувана преку Делегацијата на ЕУ во РМ), а останатите 15% од финансиските средства ги покрива Владата на Република Македонија.