Вчера, 17-ти јануари во 17:05 часот, телефонски во Полициската станица за ГП Аеродром „Александар Велики“ Скопје се јавил извршниот контролор на кула (контрола на летање) при Агенција за Цивилно воздухопловство и пријавил дека добил известување од Капетанот на воздухопловот на Авиокомпанијата „WIZZ AIR“ од Тревизо-Италија, дека при слетување на прагот на пистата во 16:57 часот, бил заслепен од зелен ласер што доаѓал од правец на с.Петровец.