Со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“, синоќа започна прославата на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Вечерва во ЦК „Григор Прличев“ концерт ќе одржи хорот „Св. Злата Мегленска“.
Од Општина Охрид, годинава за најмасовниот христијански празник Богојавление – Водици, празничната програма ја распределија на повеќе денови, од 17-ти, а ќе трае до 20-ти јануари.