На граничниот премин Богорoдица, вчера, во два одвоени случаи привремено се задржани приближно 15 илјади парчиња дезодоранси и тоалетни води и 124 чека со вредност од 1.443.565 евра.
На 20 јануари 2014 година во 13 часот на граничен премин Богордица за транзит низ државата се пријави лице со турско државјанство. Лицето управувало товарно моторно возило со турски регистарски ознаки натоварено со збирна стока од Турција. Стоката која требало да транзитира низ Република Македонија била наменета за фирма увозник од Косово. Со транзитна декларација пријавени биле козметички препарати – 14.776 парчиња дезодоранси и тоалетни води. Истиот транспортер на 28.03.2013 година се обидел да пренесе стока – козметички препарати, што повредуваат права од инетлектуална сопственост на заштитена трговска марка – 42.790 парчиња лак за коса за која овластениот застапник потврди дека се фалсификати и истата е уништена. Царинските службеници знаејќи го овој податок камионот го селектирале за преглед. При прегледот на стоката пронајдени се дезодоранси и тоалетни води со лого на заштитени трговски марки . Поради основано сомневање дека предметната стока повредува права од интелетуална сопственост царинскиот орган привремено ја задржа стоката и согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост ќе поведе постапка за утврдување на оригиналноста на истата. Вредноста на дезодорансите и тоалетните води доколку би се продавале како оригинали би достигнале и 9 милиони денари.
Исто така информираме дека вчера (20.01.2014 година) специјалните царински единици во соработка со царинсслужбеници од граничен премин Богордица привремено задржаа 124 чека со вредност од 1.443.565 евра. Чековите се откриени кога за влез во Република Македонија се пријави патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин А.К., со кој патувал уште едно лице исто така грчки државјанин со иницијали Х.З. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување, осомничениот А.К. одговорил дека во себе носи 500 евра, но при извршена контрола, во чантата на грчкиот државјнаин се пронајдени 124 чека со вредност од 1.443.565 евра. Откако чековите биле откриени, лицето А.К. изјавило дека е сопственик на фабрика во Грција и дека во Македонија патува службено со цел да оствари контакти за набавка за потербите на фабриката. Но поради тоа што чековите не се соодветно пријавени ниту е приложена потербна документација за истите, чековите се привремено задржани и депонирани во Трезор на Народна банка на Република Македонија.