Колумна: Парадокс на вистината

 Драги мои, сите ние, како човечки битиа, денес живееме во време, кое изобилува со една максимална динамичност, време кое изобилува со многу парадокси, нелогичности, како да се спуштила завесата на маглата, од која не може да се ѕирне во битието на вистина, живееме во време, според Хегеловата претпоставка „Секој против Секого“ кога добрите, позитивни  работи, кои предизвикуваат насмевка, доза среќа и радост на граѓанството, но и на поширокиот опиниум, било тоа да е лоциран во домашените туристи  или оние  странските, кои по подолг временски интервал, и со многу труд и посветеност, конечно ги видовме тука во Охрид, препоропден, достоен на епитетот кој го носи. Замислете драги мои, каква идиоштина и злоба има во /не/човечкото битисување, а тоа да се наиде на „осуда“ и барање „влакно во јајце“ на еден максимално позитивен, основан, и издржан проект, кој наместо да добие заслужен аплауз, и поздравување, но поддршка и аплауз, не од куртоазија, ами искрено, бидејќи искреноста е доблест, а лицемерието и злобата се својствени на мрачните и темни сили. Поттикнат од една  стара кинеска приказна која почнува како некое сиромашно дете со име Сјао Ли, живеело без родители и во многу тешки услови. Со помош на добри луѓе, некако преживеало, па дури посетувало и школо. Еден ден, враќајќи се од училиште, видело големо јајце од анаконда. Го однело дома и со големо внимание се грижело, се додека од него не излегла голема змија. Ја негувал, ја хранел, ја чистел, а таа возвраќала со голема љубов.

Поминало некое време и во царството се разгласило дека тешко се разболела ќерката на кралот. Дворските лекари кажале дека таа може да оздрави само ако и се направи лек од левото око на жива змија. Сјао Ли ја замолил својата љубимица да му направи животна услуга, со што тој ќе се збогува од мизеријата. Лекот успеал и Ли за кратко време стасал до трет човек во царството. Бидејќи немал повеќе време да се дружи со змијата, ја пуштил во џунглата. Штом добил голема власт, Ли станал до крај неодговорен и немилосрден кон луѓето. На замерката зошто е склон кон толку злоупотреба, тој одговорил: „Несреќата на едниот донесува среќа на другиот“. 

По некое време, умрел кралот. Но, во меѓувреме, се разболела и ќерката на кралот. Дворските лекари констатирале дека нејзиниот спас е десното око на жива анаконда. Сјао Ли тргнал накај џунглата и ја замолил змијата за да му го подари и десното око. Таа со широко срце го направила тоа. За чудо, ќерката на кралот оздравела, па дури и се омажила за Ли. 

Тој многу брзо се стекнал со големо богатство и власт, па дури не се воздржувал и јавно да ја каже својата изрека: „Несреќата на едниот донесува среќа на другиот“. Сега тој пред себе имал само една единствена пречка на патот за прв владетел на царштината. И фрлил око на врвната позиција на кралството. Барал начин како побрзо да стане крал. Лекарите, кои сега веќе во целост му биле потчинети, сугерирале срце од жива змија како најделотворен отров. Ли пак се обратил до својата сакана анаконда со трета молба. Таа широко ја отворила устата, а Ли, занесен во среќата дека конечно станува крал, бил голтнат од својата пријателка змија.

Така и во случајот со Египќаните, со тие денес „манипулира“ и се трудат да  станат  кралеви, иако за тоа  несомнено немаат одредени од бога предизпозиции, и така, злоупотребувајќи ја нивната наивност и култна заблуда, на политичкиот пазар, се нудат со толку или онолку гласови, разбира се, за индивидуалматеријалистички побуди и интереси, а притоа забораваат дека со тој метод и механизам на делување, ги кастрираат младите интелектуалци Египќани, регуларно и согласно законските прописи, да се интегрираат во системот. Но, за среќа, секој почеток има и свој крај. Почетокот на крајот, на „голготата“ на мојот народ е процесот на формирање на политичка партија на Египќаните, и низ една демократска и правна постапка, да се интегрира, институционално, Египќанскиот етникум.

„Свои на своето“ е паролата која треба да се имплементира, со поддршка на нашите верни пријатели, олицетворени во ликот и делото на Градоначалникот  на Охрид д-р Никола Бакрачески, како и поддршката на Владата на Р.Македонија, како и на другите политички чинители, и секако на медиумите, кои не се „срамат“ или „плашат“ да не поддржат. Патот до успехот е трновит, но ние веќе одлучивме да чекориме по истиот, и тоа не по линија на помал отпор, туку качување на врвот на планината, со сите сили, а од таму, од врвот, хоризонтите се пошироки…

Со почит,

Демир Далип, овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.