Македонија 22-33 Шпанија

Македонската машка ракометна репрезентација забележа уште еден пораз на Европското првенство во Данска, со што го заврши ова натпреварување. Како последен противник на нашата репрезентација беше Шпанија, која го покажа својот квалитет и ја оправда улогата на фаворит на овој натпревар.

Натпреварот може да се каже дека започна добро за нашата репрезентација. Иако Шпанците први ја имаа топката, сепак нашите успеаа први да дојдат во водство. Нашите водеа на двапати 1-0 и 2-1, но, Шпанците изедначија и натпреварот беше израмнет се до 15 минута, кога успеаа да дојдат до предност од +2. Во продолжение сликата беше иста како и сите други загубени натпревари на ова првенство. При израмнет резултат, нашите не успеваа да дадат гол, а „успеваа“ да примат. Исходот беше за очекување, на полувремето актуелен беше резултатот 12-15, со предност од +3 за Шпанија.

Во второто полувреме, за жал, нашата репрезентација се прикажа во многу послабо светло. Шпанците ја зголемија предноста, а Македонија имаше една единствена цел, да го ублажи веќе неизбежниот пораз. До крајот на натпреварот Шпанците го зголемија водството на дури +11 голови, за конечен резултат Македонија 22-33 Шпанија.

WebOhrid