Набавена опрема за ЈПК Дебрца

Општина Дебарца денес изврши набавка на камион и багер кои ќе бидат наменети за потребите на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта. Имено, изминатиот период беа набавени контејнери и алати за сечење на гранки, а како што велат од општината, со тоа ќе бидат подобрени условите за работа на претпријатието и навремено ќе се решаваат зададените проблеми. Покрај тоа, општина Дебарца изврши и субвенционирање на Јавното претпријатие во висина од 50.000,00 денари.

„Општина Дебарца, откако е предводена од градоначалникот Игор Трајкоски до денес има вложено 3.700.000,00 денари за потребите на ЈПК „Дебрца“, со што се докажува дека актуелната власт во општина Дебарца се залага за унапредување на состојбата  и решавање на секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите на Општината“. – информираат од општина Дебрца.

Oprema_JPK_Debarca_02