ЈП „Билјанини Извори“ после официјалната одлука на Кошаркарската Федерација на Македонија со особено задоволство ги информира граѓаните на Охрид дека овогодинешниот Куп на Македонија во кошарка ќе се одржи од 6 до 9 февруари во спортската арена „Билјанини Извори“.
Со одлуката на КФМ спортската арена „Билјанини Извори“ и ЈП „Билјанини Извори“ го продолжуваат котинуитетот на домаќини на големи спортски настани.
„Кошаркарскиот Куп е уште едно признание за менаџментот на претпријатието, се со цел СРЦ „Билјанини Извори“ и градот Охрид да постанат македонски центар на сите големи спортски настани. Одличната соработка со кошаркарската федерација, веруваме во иднина и со другите поголеми федерации, ќе допринесат за што побрз развој на спортот во нашиот град на задоволство на сите нас. Спортот, спортските настани, спортските идоли се сегашност и иднината на Охрид и ние како претпријатие секогаш ќе работиме во интерес на тоа, во интерес на спортистите и сите граѓани на Охрид“. – велат од ЈП „Билјанини Извори“.