Североисточниот дел од САД повторно погоден од снежна бура

Снежна бура повторно го зафати североисточниот дел од САД, со снежна покривка од 45 сантиметри во некои места. Најмалку три лица ги загубија животите, откажани се над илјада летови, а сообраќајот е отежнат за милиони возачи.

Бурата ја зафати областа од Кентаки до Масачусец, но најмногу погоден е населениот коридор помеѓу Филаделфија и Бостон. 

Метеоролозите соопштуваат дека бурата може да биде пропратена со голем студ, доколку стигне арктичкиот бран преку Канада. Чикаго веќе се соочува со големиот студ, каде се измерени  28°С под нулата.