Активностите на Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридско Езеро – позитивен пример претставен во најновиот Водич за имплементација на Светската конвенција за прекугранични води

Активностите на Билатералниот секретаријат околу заштита на сливот на Охридско Езеро влегоа како позитивен пример во последното издание на официјалниот Прирачник на Обединетите нации за значајни прекугранични проекти како водич за имплементација на Светската Конвенција за прекугранични води.

Во луксузното издание на Прирачникот на ООН на страна 37 покрај текстот за заштитата на Езерото и за воспоставените прекугранични институционални активности и цели, се наоѓа и фотографија на Охрид што е извонредна бесплатна реклама низ светот за градот и неговото природно и културно наследство .

Покрај ова Билатералниот Секретаријат, пред тоа Проект за заштита на Охридско Езеро на Светска Банка, кој на македонска страна го води Дејан Пановски од Охрид, досега низ точно 10 годишното функционирање (формиран 2004 година) и во тек на претходниот Проект неколку пати обезбедил средства за вештачки мрест на пастрмката во рамки на разни проекти и со средства на државата, со проектни средства е санирана куќата и осветлена пештера  во НП Галичица, одлука за употреба на безфосфатни детергенти против еутрофикацијата, излобирани се средства за пошумување на сливот на Сатеска, донесени средства за уредување на водотекот Грашница, средства за изработка на ЛЕАП за Охрид, донесен е поголем Проект за заштита на Студенчишко блато, обезбеден е Дримскиот Проект кој почнува оваа пролет со имплементација, изведен е проект за Номинација на Биосферен резерват Охрид Преспа под УНЕСКО, одржани голем број едукативни средби, настани за подигање на јавна свест и промовиран е Охрид и Охридското Езеро на голем број состаноци низ светот.

Токму сето тоа што е досега спроведено како активност го сврстило процесот на прекугранична заштита на Охридско Езеро како еден од примерите за соработка  и  како таков е ставен како дел од најновиот Прирачник за прекугранично управување со води на Обединетите нации како пример кои треба да го следат и другите земји во светот. Од нашите регионални искуства посочен е исто така и примерот на трилатералното управување со Преспанското Езеро што е исто така дел од поширокиот Дримски Басен.

GuideLakeOhrid GuideLakePrespa