Кина – најголем светски потрошувач на злато

Кина во 2013 година стана најголем потрошувач на злато во светот, преземајќи и го првото место на Индија, објави лондонскиот весник „Financial Times“.

Побарувачката на злато во Кина минатата година достигнала до 1.189,9 тони, што е пораст од дури 32%, во однос на 2012 година.

Во Индија минатата година, побарувачката била 987,2 тони, што е 5% повеќе отколку една година порано. 

Побарувачката во индустријата за накит во Кина, минатата година изнесувала 724 тони, една третина повеќе во споредба со 2012 година.