Трансфер на Јани Урдинов во Видзев Лоѓ

Јани Урдинов е нов член на полскиот прволигаш Видзев Лоѓ. Тој потпиша договор до крајот од оваа 2013/2014 сезона, со можност за продолжување на уште една сезона.

Управниот одбор на Видзев Лоѓ за нивната официјална веб-страна истакнуваат дека подолго време го следеле Урдинов. Нивниот приоритет во зимскиот преоден рок бил токму засилувањето на левата страна на одбраната.

Претходно Урдинов играше за Железничар од Сараево, литванскиот Екранас, Работнички од Скопје, и холандска Рода. Урдинов е роден во Белгија, а кариерата ја започна во младинските категории на Мехелен, ПСВ Ајндховен и Рода.

WebOhrid