Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“, полициската станица од Струга против А.П.(30) од Мислешево поднесе кривична пријава.
Пријавениот, казненото дело го извршил на единаесетти овој месец околу 13 часот на паркинг во централното градско подрачје. Тука, требало да се сретне со Р.Д. од селото Подгорци, со кого претходно, лажно претставувајќи му се, остварил телефонски контакт заради склучување договор за купување патничко моторно возило од Италија.
Во моментот на нивната средба, пријавениот А.П. извршил физички напад врз Р.Д. удирајќи го со тупаници во пределот на главата, почнал да го влече кон езерото и упатувајќи закани, му одзел една патна исправа, 10 евра и 150 денари. Пријавениот потоа од Р.Д. побарал да му даде 1000 евра долг од претходен судски спор.
При лекарски преглед во општата болница во Струга, кај Р.Д. констатирани се лесни телесни повреди, а пријавениот по консултација со јавен обвинител веднаш е повикан во полициската станица во Струга.