Македонија во петтиот барабан за квалификациите за ЕП 2016

Македонската А репрезентација е во петтиот барабан за извлекувањето на групите за Европското првенство во Франција во 2016 година, потврди УЕФА.

Ждребот ќе се одржи на 23 февруари во францускиот град Ница. На континенталниот собир на најдобри селекции ќе се пласираат по две најдобро пласирани екипи од секоја група, а третото место води во бараж.

Прв барабан: Шпанија, Германија, Италија, Англија, Португалија, Грција, Русија, Босна и Херцеговина.

Втор: Украина, Хрватска, Шведска, Данска, Швајцарија, Белгија, Чешка, Унгарија, Република Ирска.

Трет: Србија, Турција, Словенија, Израел, Норвешка, Словачка, Романија, Австрија, Полска.

Четврти: Црна Гора, Ерменија, Шкотска, Финска, Летонија, Велс, Бугарија, Естонија.

Петти: Исланд, Северна Ирска, Албанија, Литванија, Молдавија, Македонија, Азербејџан, Грузија, Кипар.

Шести: Луксембург, Казахстан, Лихтенштајн, Фарски острови, Малта, Андора, Сан Марино, Гибралтар.

Квалификациите за Европското првенство ќе започнат на 7 септември 2014 година.

Финалниот турнир ќе се одигра од 10 јуни до 10 јули 2016 година.