Едно лице го загуби животот во несреќен случај на регионалниот пат Струга-Дебар

Едно лице го загуби животот во несреќен настан случен рано утрово околу 07 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на каменоломот кај месноста „Бороечки мост“.

Неде Ц. (64)  од селото Пискупштина им подлегнал на повредите во обид своето патничко моторно возило марка „Застава 750“ да го стави во погон туркајќи го преку регионалниот кон спореден пат надолу кон Глобочичкото езеро.

Патничкото моторно возило кое притоа добило забрзување, се превртело на левата страна каде се наоѓал Неде Ц. кој не успаеал да влезе во возилото и да го сопре неговото движење по надолниот пат. Од здобиените повреди тој на лице место го загубил животот.

На местото каде се случил несреќниот настан извршен е увид во присуство на Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.