Маскирано лице со закана со пиштол се обидело да изврши разбојништво во казино во Струга

На 26 јануари околу 02:55 часот во Струга на ул.„Маршал Тито“ во казино „Сенатор“ непознато лице маскирано со закана со пиштол се обидело да изврши разбојништво над вработените.

Имено, лицето побарало пари, а откако вработените му се спротивставиле, истото излегло од објектот и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.