СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(25) од Охрид, за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 03.01.2014 година, во кафе бар во Охрид пријавениот со употреба на физичка сила ја извлекол надвор од објектот К.П.(19), при што ја качил во своето патничко возило „голф“ упатувајќи се кон нас.Рача во Охрид. За време на возењето во возилото пријавениот физички ја малтретирал К.П., а по 30 минути ја ослободил.