Советот на општина Дебарца ја одржа дванаесеттата седница. Седницата се одржа вчера во салата за седници на општина Дебарца со почеток во 14 часот, при што беа усвоени 19 точки од дневниот ред меѓу кои и точките:
– Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за фирма;
– Одлука за доделување еднократна парична помош во вредност од 5 000 денари на секое новороденче на територијата на општина Дебарца.