Согласно Оперативната програма за 2014 год. Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до селата Вапила и Сирула. Детално се расчисти расфрланиот отпад на овој потег (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад).