Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег

Поради снежни врнежи со променлив интензитет сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег кој останува по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Поради интензивни снежни врнежи воведени се забрани за движење на тешки троварни возила на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Кичево ( Колари)- Стража. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.