Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по влажни коловози. Поради ниските температури можна е и појава на голомразица на повисоките и осојничави места, како и на мостовите.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.