Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ ја посетија Метеоролошката станица во Охрид

Во рамките на реализирањето на содржините по наставниот предмет Природа во IV одделение, а со цел продлабочување на знаењата за брзи и бавни промени на површината на Земјата, учениците од ОУ„Св.Климент Охридски“- Охрид ја посетија на Метеоролошката станица во градот.

Учениците се запознаа со инструментите што се користат за мерење температура и други параметри што го отсликуваат времето во местото и врз основа на кои се формира временската прогноза. На посетата учениците имаа можност да дознаат кога се чита минималната и максималната температура во текот на денот.