СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В.(32) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.03.2013 година, во Охрид на бул. „Туристичка“ извршена е контрола на патничко возило, управувано од пријавениот при што е пронајдена два грама мешавина од марихуана и тутун. Истиот ден е извршен е претрес и во неговиот стан во Охрид од каде се одземени една таблета „амфетамин“ и 0,1 грам марихуана.