Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози со наместа остатоци од кашест снег на коловозот, без забрани, застои и ограничувања.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.