Одржани избори за избор на претседател на ученичка заедница во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денеска во ОУ „Св.Климент Охридски“ се одржаа изборите за избор на претседател на ученичка заедница. За изборот на претседател да биде на демократски начин беа обезбедени паравани за тајно гласање, гласачка кутија, заверени гласачки ливчиња со име и презиме на кандидатите, комисија од тројца ученици и координатор од редот на наставниците. Изборот на претседател беше таен и помина во фер и демократска атмосфера.