Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, изнесува 102.5. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи опаѓање од 0.2%, во секторот. Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е на исто ниво. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1% , опаѓање бележи кај Енергија за 0.9%, додека кај Капитални производи индексот е на исто ниво. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2013 година , во однос на периодот јануари – декември 2012 година, изнесува 101.1.na