Градоначалникот Никола Бакрачески, од започнувањето на мандатот па се до ден денес, во континуитет одржува тет а тет средби со граѓаните на општина Охрид. Средбите се одржуваат по претходно закажани термини.
Досега градоначалникот Бакрачески остварил средби со над 300 граѓани. Ваквите средби продолжуваат и во иднина, со цел заинтересираните граѓани да можат одблиску да ги изнесат своите ставови, мислења и проблеми кои ги имаат во секојдневието. Доколку некои од предложените идеи се добри и се во надлежност на Локалната самоуправа или доколку имаат проблеми, а се во надлежност на Локалната самоуправа, веднаш се пристапува кон нивно имплементирање односно решавање на истите.