Соработка помеѓу техничките оддели на УЕФА и ФФМ

На барање на одделот за едукација на тренери на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија во текот на вчерашниот ден испрати понуда со соодветни капацитети, услови, терени за тренинг на новиот тренинг центар и Куќа на Фудбалот на ФФМ, како и хотелски капацитети во Скопје, а за потребите на ко-организација на вториот Fitness for Football Pilot Course кој е предвиден да се оддржи помеѓу 26-29 август 2013.

Првиот ваков курс се одржа во Осло, Норвешка на почетокот на март и е наменет за фитнес тренери и медицински лица во фудбалот кои ќе(се) се занимаваат со физичка подготовка на фудбалерите. На овој курс предвидено е да учествуваат 70 лица од сите земји членки на УЕФА како и инструктори и предавачи од еминентни фудбсалски клубови и комисии на УЕФА.