Во врска со денешната одржана прес-конференција од страна на ОО на СДСМ Охрид, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реакција во која се вели:
„Секојдневно сме сведоци на изјави, пресови, соопштенија на ОО СДСМ Охрид во кои се изнесуваат само голи фрази, клевети, лаги и манипулации.Со ваквиот начин на барање медиумско внимание во најмала рака СДСМ ги потценуваат охриѓани.
Имено,само да потсетиме дека СДСМ во нивното 8 годишно владеење во Охрид не само што не направија ништо туку и го уназадија нашиот град.
Позади нивното владеење оставија милионски долгови, хаос во урбанизацијата, пренатрупана и неефикасна администрација и уште голем број други негативности.
Укажуваме дека ни нивните пресови и безкруполозните лаги кои ги измислуваат секојдневно нема да не поколебат да одиме кон реaлизирање на дадените ветувања кон жителите на Охрид.
ВМРО ДПМНЕ од моментот на преземање на локалната власт на чело со градоначалникот Бакрачески започна со санирање на штетите кои ги оставија СДСМ кон Охрид, започна со намалување на милионските долгови, кон ефикасност на администрацијата и кон целосно уредување на нашиот град.
Со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт во Охрид се оди кон реализирање на ДЕЛА кои очигледно им сметаат на СДСМ и затоа во најмала рака сметаме дека ваквите празни пресови се очајнички обид за внимание на кое охриѓани не потклекнуваат.“ – стои во реакцијата на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Охрид.