„Градиме мостови“ проект за јакнење на заедништвото на учениците од различните етнички заедници

„Градиме мостови“ е проектот чија цел е финансиски да подржи активности кои ќе овозможат интеграција, интеракција и приближување на различните етнички заедници во образовниот процес во Република Македонија, а кој беше промовиран денеска во Скопје.

Фондот „Градиме мостови“ е заедничка иницијатива на Министерството за образование и наука, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Проектот ќе поттикне поголема соработка и зближување на учениците од училиштата во кои наставата се следи на различни рјазици. Тоа треба да се оставри преку организирање заеднички видови активности, како работилници, меѓуетнички спортски натпревари, забави и секаков друг вид на соработка помеѓу училиштата, која треба да претставува мост кој ќе ги поврзе и спои учениците од различна етничка припадност“, рече министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната промоција на проектот.

Појасни дека фондот нуди грантови за општините, студентите, наставниците, родителите и училиштата за организирање активности кои ќе ги приближат различните етнички заедници.

„Фондот нуди два гранта. Првиот се „брзи грантиви“ до 1.500 евра, за проекти кои се спонтани или итни и за кои може да се аплицира во секој момент преку пополнување на унифициран формулар достапен на интернет страницата на МОН, кој потоа се доставува до електронската адреса fund.buildingbridges@gmail.com. Вториот вид се „редовни грантиви“ со 7.000 евра за кои се аплицираа трипати во годината до 1 март, до 1 мај и до 1 октомври со доставување на пополнетиот формулар преку редовна пошта на поштенски Фах 558, 1000 Скопје“, информира Ристовски.

Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ, Амбасадорката Маријане Берец посочи дека целта е да се зголеми интеграцијата и интеракцијата меѓу различните етнички групи во училиштата, што, како што посочи е од исклучителна важност за стабилноста на земјата.

„На различноста треба да се гледа како на богатство. Негативниот однос кон различноста го нарушува развојот и стабилноста на земјата“, рече таа.

Изрази надеж дека овој фонд ќе пмогне учениците да ги надминат предрасудите, да се запознаат и да се подготват за заедничка иднина во Европа.

Швајцарскиот Амбасадор Стефано Лазарото подвлече дека главната цел на фондот, потикнувањето на интеракцијата меѓу различните заедници, е услов за зголемување на меѓусебното разбирање и прифаќање.

Се надевам, додаде тој, дека овој проект ќе создаде многу мали, но успешни приказни кои ќе можат да бидат пример за останатите сегметни од општеството.

Музичките ѕвезди Тони Зен, Аделина Тахири и Ребека се дел од Советодавниот одбор на овој фонд.