Општинскиот инспекторат во соработка со Секторот за комунален развој и сообраќај и ЈП „Охридски Комуналец“, отпочнаа акција за расчистување на дивите депонии што се наоѓаат покрај сообраќајниците.
Во текот на денешниот ден беа исчистени депониите што се протегаат на патот од село Орман до село Лакочереј. Акцијата има за цел да овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата.
Вакви акции ќе следуваат и во наредните денови на повеќе места низ Охрид.