Хортикултурно уреден чинарот на улица „Питу Гули“

Деновиве екипите на „Паркови и зеленило“ при „Охридски Комуналец“ го оплеменија просторот околу чинарот на ул. „Питу Гули“ во Урбана заедница „Горна Влашка Мала“. Засадени се 40 цветно декоративни садници, а екипи на Ј.П. „Градски Гробишта“ ги заменија оштетените клупи. Со ова хортикултурно уредување локацијата која се наоѓа покрај фреквентна крстосница доби нов лик.

Со вакви акции ќе се продолжи и во наредниот период создавајќи нови зелени катчиња на повеќе локации во сите урбани заедници во општина Охрид.

CinarHortikultura01