По налог на Општинскиот инспекторат, Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на Урбана заедница „Билјанини Извори“, во комплексот згради на ул. „Никола Карев“.
„Плански беше избран денешниот ден-сабота, кога повеќето жители од оваа населба се во своите домови, за да се делува едукативно во подигнување на еколошката свест кај самите жители, затоа што населбата е нивно катче, а Ј.П.”Охридски Комуналец” не може да исчисти, колку што самите граѓани можат да загадат.“ – велат од претпријатието.
Од ЈП Комуналец велат дека чистењето на дворните површини околу колективните станбени објекти, согласно законот за Јавна чистота, не е обврска на претпријатието, бидејќи истите не спаѓаат во јавни површини, но со цел почиста и здрава животна средина, јавното претпријатие ја спроведе оваа акција, во која се подигнати околу 40 вреќи отпад.