Се расчистуваше потегот од влезот во Охрид до Св.Еразмо

Ј.П. „Охридски Комуналец“, спроведе акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид,  до месноста Св.Еразмо.

„На овој потег, како последица на несовесно однесување на поединци, континуирано се создаваат мини-депонии од градежен шут, зелен и друг вид комунален отпад. По налог на Општинскиот инспекторат, Ј.П. „Охридски  Комуналец“ со 4 вработени во претпријатието пристапи кон расчистување на овој потег  и собрани се 60 вреќи отпад.“ – велат од претпријатието.

komunalecakcija1

Од Јавното претпријатие се надеваат дека во иднина ќе се применуваат ригорозните казни за загадување на околината, со кои ќе се санкционираат несовесните граѓани.