Поради големиот интерес за средби со градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски приемен ден во општината беше секој понеделник со претходно закажување.
Жителите можеа да остварат средби со градоначалникот Трајкоски и во другите работни денови доколку беше во можност да ги прими.
Поради овие причини, се со цел поблиску до народот градоначалникот одлучи да има два приемни денови во текот на неделата и тоа понеделник и петок.
За закажување може да се јавите на телефонскиот број 046/286-855. Исто така може да контактирате преку електронска пошта на следниот маил trajkoskiigor@yahoo.com, информираат од Кабинетот на градоначалникот на општина Дебарца.