Понеделник и петок приемни денови кај градоначалникот на општина Дебарца Трајкоски

Поради големиот интерес за средби со градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски приемен ден во општината беше секој  понеделник со претходно закажување.

Жителите можеа да остварат средби со градоначалникот Трајкоски и во другите работни денови доколку беше во можност да ги прими.

Поради овие причини, се со цел поблиску до народот градоначалникот одлучи да има два приемни денови во текот на неделата и тоа понеделник и петок.

За закажување може да се јавите на телефонскиот број 046/286-855. Исто така може да контактирате преку електронска пошта на следниот маил trajkoskiigor@yahoo.com, информираат од Кабинетот на градоначалникот на општина Дебарца.