Темелната реконструкција на Скопската железничка станица ќе почне кон крајот на март или почетокот на април годинава. Ќе се инвестираат 2,6 милиони евра со што ќе се обноват сите нејзини витални делови, најави премиерот Никола Груевски.
„Подготовките за нејзино реконструирање се во завршна фаза, се работи на евалуација на доставените понуди која би требало да заврши до крајот на месецов. Кон крајот на март или во април треба да започне темелната реконструкција која е прва откако е направена станица“, – рече премиерот.
Тој истакна дека за реконструкција ќе се инвестира 2,6 милиони евра со кои,како што нагласи, ќе се oпфатат билетарниците, тоалетите, ќе се направат пристапни рампи за инвалидизирани лица, чекални…
„Со тоа ќе се подобри се она што е потребно за еден патник кој пристигнува или заминува од оваа железничка станица, како и за самите вработени што работат во неа.“ – додаде премиерот Груевски.